МИЛЕНКОСКИ: УКРАИНА Е ТОП 10 ВО СВЕТОТ, НИЕ ЌЕ ПРОБАМЕ ДА ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА
Македонскиот каратист, во категоријата до 67 килограми, Матеј Белистојаноски оствари огромен успех на Медитеранските игри во Таранто и стана првиот наш спортист на овие игри кој се закити со златниот медал. Белистојановски до ова одличје дојде на доминантен начин.
Матеј во финалето беше убедлив против Хрватот Боран Берак совладувајќи го со 6-0.
Белистојаноски беше импресивен идоминантен во текот на целиот турнир, запишувајќи четири победи, во кои во ниту еден момент не дозволи да биде загрозен и сосема заслужено се закити со златниот медал и го испиша своето име во историјата на македонскиот спорт.

