(ВИДЕО) МАГИЈА НА МИТЕВ И КУЗМАНОВСКИ ЗА НАЈАВНИТЕ ШПИЦИ НА ЕХФ
Радува фактот што после подолго време Марко Митев ја враќа својата препознатлива игра, брзина, продори, погодоци. Синоќа во повеќе наврати ја измеша противничката одбрана а особено впечатлив беше еден од неговите погодоци кој го издвои и ЕХФ.
Капитенот на репрезентациајта Филип Кузмановски продолжува таму кадешто застана во претхнодите натпревари, да биде алфа и омега на овој тим. Вчера со вистинска мајсторија, го пронајде Самуел Ристески на линијата, кој потоа мирно реализираше

