Иако Рубен Аморим доби отказ од раководството на Манчестер Јунајтед, во клубот не дојдоа позитивните промени, барем ако се суди според вчерашното реми против претпоследниот на табелата, Барнли (2-2).
Не тргна добро натпреварот за гостите и во 13. минута Хевен си постигна автогол со кој Барнли дојде до предност. Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме.
Заигра Јунајтед подобро во вториот дел и на сцена стапи Бенјамин Шешко кој првпат од доаѓањето на „Олд Трафорд“ летово постигна два гола на еден натпревар и со погодоците во 50-тата и 60-тата минута донесе целосен пресврт.
Сепак, на крајот тоа не се покажа како доволно за победа бидејќи Ентони со еден убав погодок во 66. минута ги постави конечните 2-2. За Јунајтед ова беше трето реми во низа откако претходно без победник 1-1 ги завршија и средбите со Вулвс и Лидс.

