Vinkmag ad

НАМЕСТО СЛАВЕЊЕ, СЕ ПРЕКСТИ И ПОРАЧА: „МИР БОЖЈИ, ХРИСТОС СЕ РОДИ“ (ВИДЕО)

Аталанта забележа значајна победа на гостувањето кај Болоња, совладувајќи го домаќинот со 2-0. Херој на натпреварот беше црногорскиот напаѓач Никола Крстовиќ, кој со двата постигнати погодоци директно ја реши средбата.

Освен по одличната партија на теренот, Крстовиќ го привлече вниманието и со еден впечатлив момент по постигнувањето на гол. Наместо класично славење, тој испрати порака која одекна и надвор од спортот.

 

Пред телевизиските камери, црногорскиот фудбалер го честиташе Божиќ, се прекрсти и изговори: „Мир Божји, Христос се роди!“, потсетувајќи на вредностите кои за него имаат посебно значење.

Читај Претходна

ВАРДАР ОДБИ ДВЕ ПОНУДИ ЗА РОЏЕРС МАТО

Читај Следна

АМОРИМ СИ ОТИДЕ, НО КРИЗАТА ВО ЈУНАЈТЕД ПРОДОЛЖИ