Македонскиот кошаркарски талент и наш репрезент во најсилната Колеџ лига во САД, Андреј Шошкиќ одигра перфектен натпревар за крај на сезоната. Шошкиќ беше убедливо најдобар поединец на теренот во поразот на неговиот Стони Брук против Кампбел (96:89). Андреј одигра речиси цел натпревар, 37 минути и забележи рекорд на сезоната со НЕВЕРОЈАТНИ 35 поени. Македонскиот младински репрезентативец беше и најдобар асистент во тимот со три асистенции и најодбар во украдените топки, дури четири. На сето тоа додаде и 2 скока.
Андреј имаше одлични проценти на шут 10/19 од поле со феноменални 10/10 од линијата за слободни, 5/8 за три и 5/11 за два.
Овој пораз значи и крај на сезоната на Стони Брук, а Шошкиќ дебитантската сезона ја затвори на најдобар можен начин. Беше избран за најдобар плејмејер меѓу дебитантите во целата конференција. Сезоната ја заврши со просек од 11 поени по натпревар за 26 минути. Има и 2.6 скока и 2.5 асистенции. А она што посебно го истакна и му донесе признание за најдобар плеј, се одличните проценти на шут. Шошкиќ има 50% од поле, Феноменални 45% во шутот за три и ИСТОРИСКИ 96.5‘ од линијата за слободни со што е најдобар во лигата

