(ВИДЕО) МАТЕЈ ГАШТАРОВ СТРЕЛЕЦ ЗА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА НА ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР
Екипата на ГРК Охрид последна се чекираше на Ф4 турнирот од Купот на Македонија каде ќе игра заедно со Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.
Во финалето од групата В од Купот на Македонија, вечерва во салата „Билјанини извори“ Охрид убедливо го совлада Куманово со 35:18, полувреме 16:8.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Никола Ристески со 6 гола.
Претходно Пелистер ја освои групата со Струга, Прилеп и Драчево.
Вардар триумфираше во групата А Мулти Есен, Бутел и Еурофарм Пелистер 2.
Алкалоид беше сигурен во групата Б со Македонија ЃП, Пролет и Радовиш
Завршницата во купот ќе се игра една недела по Велигден, односно викендот 17-19 Април.

