Vinkmag ad

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ДОЖИВЕА ДЕБАКЛ КАЈ ЖАЛГИРИС

„Црвено-белите“ од Белград поелка го губат чекорот со најдобрите тимови во Евролигата оваа сезона отакко вечерва во Каунас претпреа вистински дебакл од Жалгирис (99:67).Ова е втор пораз по ред на избраниците на Саша Обрадовиќ отакко во претходното коло на домашен терен загубија од Валенсија(89-106).

Црвена Звезда очајно го започна натпреварот и по само 10 минути игра имаше негатива 26-12, а лошата игра продолжи и во втората четвртина па на пауза заминаа со минус 19, односно 47:28.

Жалгирис во текот на целиот натпревар беше доминантен тим на паркетот, а Ѕвезда успеа да ја добие само третата четвртина со три поени (24:21), но не можеше ништо повеќе од тоа.

Домаќините погодуваа од сите страни, погодија дури 13 тројки додека Ѕвезда само пет пати беше прецизна зад линија 6.75.
На крајот избраниците на Обрадовиќ доживеа вистински дебакл (99:67).

Најдобри играчи за победничкиот тим беа Тубелис со 17 поени, Франциско постигна 15 поени и по 6 скока и асистенции, а Буткевикус реализира 12 поени. Кај Звезда единствена светла точна беше Чима Монеке со 18 поени.

Жалгирис сега има скор од 12-9, додека Црвена Звезда загуби седум од последните десет натпревари во Евролигата и моментално е на 11-10.

Читај Претходна

СКРОМЕН УЧИНОК НА ДИМИТРИЈЕВИЌ – БАЕРН ПОРАЗЕН ВО ПИРЕЈА

Читај Следна

ШКЕНДИЈА ГО ПРОДАДЕ НАЈДОБРИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ