Vinkmag ad

ДАЛИ Е МОЖНО? ИМ ГО ПРИСЛУШУВАШЕ ТАЈМАУТОТ ПРЕКУ IPAD (ФОТО)

Во драматичен и изедначен натпревар на Европското првенство во ракомет меѓу Португалија и Норвешка се случи необичен потег со кој Португалците се обидоа да стекнат предност. При резултат 35:35, само 37 секунди пред крајот, португалскиот ракометар Мигел Невеш беше снимен како за време на тајм-аут држи iPad на увото за да прислушува што договорува норвешката клупа.

Невеш по натпреварот им призна на новинарите што правел. Неговата предност беше тоа што ја разбира норвешкиот јазик. „Играв три години во Норвешка и мојата девојка е Норвежанка, па зборувам и разбирам јазикот. Обидов да стекнам мала предност и да дознам што ќе направат. Така можев да ја подготвам нашата одбрана“, објасни Невеш, кој во Норвешка играше од 2023 до 2025 година.

Читај Претходна

ПОЗНАТО Е КОГА ЃОКОВИЌ ГО ИГРА 1/4 НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Читај Следна

ПРИРОДНАТА ПОЗИЦИЈА МУ Е БЕК, АМА ОД КРИЛО ШУТИРА – СОВРШЕНО