Македонија го започна Европското првенство со пораз од Данска. Скандинавците се убедливо најсилната ракометна селекција на светот, а вчера тоа го покажаа на теренот, но и на трибиниите – ја наполнија „Јиске Банк“ до последното место (15.000 публика) ја бодреа својата репрезентација (на скандинавски, помалку досаден начин за нас од балканот) но покажаа и голема почит кон Македонија.
При излегувањето на македонската селекција на теренот, Данците постојано аплаудираа, а аплаузот особено „згрме“ кога се спомена името на Кирил Лазаров.
Важно е да се напомене дека Данците аплаудираа и за време на македоснката химна, а на исто ниво возврати и „Македонската Фаланга“.

