Vinkmag ad

ДАРКО ВЕЛКОВСКИ ЌЕ ГО ЗАСИЛИ ВАРДАР

Раководството на „црвено-црните“ потврди дека Дарко Велковски во текот на денот ќе го засили Вардар.

Велковски практично се враќа „дома“, а во Вардар доаѓа како слободен агент, по раскинот на договорот со Зрињски.

Велковски зад себе има богата клупска и репрезентативна кариера. По тригодишниот престој во Вардар од 2015 до 2018 година, тој направи трансфер во Ријека, а подоцна настапуваше и за Ал-Етифак, Динамо Букурешт, Ниреѓихаза и Зрињски. Во дресот на македонската А репрезентација има забележано вкупно 55 настапи.

Од таборот на клубот најавуваат уште едно засилување во текот на денот – српскиот интернационалец Стефан Цветковиќ (28). Крилниот фудбалер е продукт на школата на Црвена Звезда, по што во кариерата настапуваше за Графичар, БСК Бачка Топола, Металац, Раднички Ниш и РФС Рига, а како последна дестинација ја имаше екипата на Железничар Панчево.

Читај Претходна

(ВИДЕО) ЃОКОВИЌ: ЗАСЛУЖУВАМ ПОВЕЌЕ ПОЧИТ – ОСВОИВ 24 ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛИ…

Читај Следна

ВЛАДО МИЛЕВ ПОТПИША ЗА КЛУБ ОД УНГАРИЈА