ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев повторно ќе ја носи титулата интернационалец. Искусниот играч ја прекина соработката со актуелниот шампион Струмица 47&72, каде што истовремено ја извршуваше и функцијата претседател на клубот, и во следната полусезона ќе настапува за унгарската екипа Казинбарчика.
За Милев, Унгарија не е непознат терен – тој настапуваше во таа земја од 2017 до 2019 година, каде што освои две шампионски титули и еден куп-пехар.
Репрезентативецот и Казинбарчика се договорија за соработка до крајот на сезоната, а овој трансфер ќе му овозможи на Милев да остане во висока натпреварувачка форма пред Европската лига 2026 и учеството на Европското првенство во септември во Софија.

