МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утре го очекува полуфиналниот меч на Австралија опен против Италијанецот Јаник Синер. Денеска, Ѓоковиќ одржа официјален тренинг пред утрешниот дуел, а спарингуваше со Македонецот Даниел Јовановски.
Јовановски е роден во Австралија и настапува под нивното знаме, но неговите корени се македонски. Оваа година стигна до второто коло на јуниорскиот Австралија Опен. Интересно е што на неговиот Инстаграм профил може да се забележат „сториња“ на македонски јазик, како и објави од профил посветен на Македонската православна црква („macedonianorthodox“).
Според информациите на СпортКлуб, Ѓоковиќ имал посебни барања за Јовановски, вклучувајќи „кик сервис“ и „сервис на Т линијата“.
Утрешното полуфинале против Јаник Синер започнува во 09:30, а Италијанецот го има совладано Ѓоковиќ на последните пет меѓусебни соочувања.


