Vinkmag ad

ДЕНЕС НА ПРОГРАМАТА: ЕКС-ЈУ ДЕРБИ ВО МАЛМЕ

Продолжуваат возбудувањата на Европското првенство во ракомет. Денеска на програмата е претпоследното коло во главната рунда, од групата во која натпреварите се играат во Малме, Шведска.

Програмата од 15:30 ќе ја отворат Швајцарија и Исланд, а Исланѓаните ќе мора да победат, бидејќи бркаат полуфинале.

Потоа од 18:30 следува екс-ју дербито, помеѓу Словенија и Хрватска. И двете репрезентации имаат 4 бода, па поразената селекција од овој дуел, ќе се збогува со шансите да се најде помеѓу најдобрите четири.

Домаќинот Шведска ќе ја пречека Унгарија во вечерниот дуел (20:30) и се освен победа на „трите круни“ би претставувало големо изненадување.

Сите натпревари може да ги проследите со директен пренос на МРТ.

Читај Претходна

ДОНЧИЌ НЕМАШЕ МИЛОСТ КОН ЧИКАГО

Читај Следна

НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР