Vinkmag ad

НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА НА МИХАЕЛ ШУМАХЕР

Легендата на Формула 1, Германецот Михаел Шумахер (57), кој беше тешко повреден во скијачка несреќа пред 13 години, сега повеќе не е прикован за кревет, објави Daily Mail.

Шумахер доживеа тешка несреќа кон крајот на декември 2013 година, за време на рекреативно скијање во француското скијалиште Мерибел. Тој загуби контрола и со главата удри во камен, по што итно беше пренесен со хеликоптер во болницата во Гренобл. Таму бил подложен на повеќе итни операции и ставен во индуцирана кома.

При несреќата, Шумахер претрпе тешка повреда на мозокот, а неговата здравствена состојба долго време беше строго чувана тајна, позната само на најблиското семејство и доверливите пријатели.

Сега, седумкратниот светски шампион се движи со инвалидска количка и може да се вози по своето имение на Мајорка и резиденцијата во Гланд, на брегот на Женевското Езеро. За него се грижи сопругата Корина, со која е во брак 30 години, заедно со тим на медицински сестри и терапевти кои го следат 24 часа на ден.

Во меѓувреме, некои поранешни членови на неговиот персонал кои се обиделе да продаваат фотографии од неговата тешка состојба беа осудени минатата година.

Читај Претходна

ДЕНЕС НА ПРОГРАМАТА: ЕКС-ЈУ ДЕРБИ ВО МАЛМЕ

Читај Следна

ПОЗНАТО Е КОГА ЃОКОВИЌ ГО ИГРА 1/4 НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН