МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Супер возбудливи полуфинални натпревари Грција – Унгарија и Србија против Италија ги дадоа финалистите на европското првенство, каде што ќе гледаме дуел на две исклучително силни репрезентации Србија – Унгарија.
Во првото полуфинале Унгарија беше подобра од Грција со 15:12. Грците имаа предност само во првата четвртина со 5:4 сите други Унгарците беа подобар противник.
Капитенот на Унгарија, Кристијан Манхерц,беше најдобар во базенот и со 100% ефект 4/4 ја водеше својата репрезентација до финале.
По пауза од осум години во борбата за златото ќе бидат Олимписките шампиони, репрезентацијата на Србија. Во полуфиналето, србите беа подобри од Италија до 17:13
Ударните игли на Србија Душан Мандиќ и Страхиња Рашовиќ ја предводеа листата стрелци со по четири погодоци.
Финалето се игра во недела

