МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Доскорашниот играч на Арема, индонезиски клуб, Аргентинскиот фудбалер Лукас Иан Пулеио Араја е нов играч на есенскиот шампион, ФК Вардар.Ова е прво зимско засилување за Вардар во походот кон титулата. Новиот играч на Вардар во дресот на Арема Лукас Араја одигра 15 натпревари и постигна два гола.
Аргентинецот има 27 години и може да покрива повеќе позиции. Играњето на балканот нема да биде прво искуство за него, откако две години играше во Црна Гора, во дресот на Арсенал Тиват и Дечиќ.
Лукас беше на пробен период во Вардар и со своите игри во подготвителниот период заработи договор со ФК Вардар.

