Vinkmag ad

ДВЕ ПОБЕДИ И ПОРАЗ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЕКИПИ ВО РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

Започна второто коло од Регионалната ракометна Лига, а настапи имаа три Македонски екипи: Охрид, Пелистер и Алкалоид.

На победи се радуваа Охриѓани на гостувањето во Будва и Пелистер во Битола, додека пак Алкалоид претрпе пораз во Автокоманда од Партизан.

Охриѓани одиграа уште еден перфектен натпревар во дефанзива па иако потешко од очекувањата славеа над Будва (20:22)

Прво име во листата стрелци беше Лиапис со пет а го следеше Ѓукиќ со четири. Токму српското крило го одлучи натпреварот со гол во финишот кога противникот се доближи на минус 1.  Солидни во напат беа Ивановски и Иванковиќ со по три.

Нова голема победа иствари тимот на Еурофарм Пелистер кои на домашен терен целосно го надиграа Ловќен со (45:33)

Убедливо најдобар поединец беше капитенот Филип Кузмановски кој постигна 14 погодоци. Феноменален во напад беше и Хенигман со десет.

Во првиот натпревар од Регионалната лига, тимот на Алкалоид претрпе пораз од Партизан (31-39)

Избраниците на Кирил Лазаров беа рамноправен противник се до 50 минута кога противникот почна да се одлепува и на крајот дојде до победа.

Најдобар поединец на натпреварот беше Аљоша Дамјановиќ со десет погодоци, а во редовите на Алкалоид, Костески постигна шест погодоци, а уште пет додаде Цехте.

 

Читај Претходна

РАЈТ: ТРЕНИРАМ КАКО ДА СУМ МАКЕДОНЕЦ ПОДОЛГО ВРЕМЕ, СЕ ЗНАМ СО НЕНО И ЌЕ ДАДАМ СЕ ОД СЕБЕ

Читај Следна

ДРАГАН ЈЕРКОВИЌ Е НОВ ТРЕНЕР НА ГОЛМАНИТЕ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА