Vinkmag ad

РАЈТ: ТРЕНИРАМ КАКО ДА СУМ МАКЕДОНЕЦ ПОДОЛГО ВРЕМЕ, СЕ ЗНАМ СО НЕНО И ЌЕ ДАДАМ СЕ ОД СЕБЕ

Мозес Рајт, новиот натурализиран Македонец тренира со тимот и се очекува да биде големо засилување за натпреварот со Австрија на 30 август ќе се одигра во Виена.

Американскиот центар имаше само позитивни зорови за Македонија и кошаркарската репрезентација истакнувајќи дека атмосферата и односот на соиграчите му овозможиле брзо да се чувствува како дел од екипата.

„Работиме заеднички за средбата која ни следи. Ми се допаѓа тимот и начинот на кој сум прифатен во репрезентацијата, веќе тренирам како да сум Македонец подолго време. Чувството е одлично да се биде дел од овој тим. Од екипата што ја имаме на располагање го познавам Ненад Димитријевиќ од настапите во Евролигата, но добро тренираме со другите. Имаме уште неколку тренинзи да се запознаеме и воиграме на начинот на кој посакуваме“, вели Рајт.

Во однос на противникот, Рајт очекува сериозна задача во Виена. Австрија направи одредени промени во составот, но според него и понатаму располага со квалитетни кошаркари, особено со млади играчи кои можат да претставуваат сериозна закана.

„Нам ни следи дуел со Австрија, имаат некои измени во ростерот, но постојат млади играчи кои се доста квалитетни. Не би сакал премногу да откривам за нив и планот што ни го презентира нашиот тренер за нивната игра. Потребно е ние да се придржуваме кон советите кои ни ги даде нашиот селектор, со цел да имаме успех“, додава Рајт.

Читај Претходна

(ВИДЕО) РУСТЕМОВСКИ: НЕ ЗНАМ ШТО ГЛЕДАА СУДИИТЕ – БЕШЕ МНОГУ НЕПРАВЕДНО

Читај Следна

ДВЕ ПОБЕДИ И ПОРАЗ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЕКИПИ ВО РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА