ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Македонскиот интернационалец, Елиф Елмас, продолжува со добрата минутажа во Наполи. „Дијамантот“ одново беше стартер во ремито на Наполи против Верона (2-2).
На почетниот резултат, Елмас имаше убава шанса да го отвори резултатот, но сепак противничкиот голман одбрани. Потоа следуваа два гола на Верона, а стрелци беа Фресе и Орбан.
Наполи се спасуваше од пораз во вториот дел со головите на Мектоминеј и Ди Лоренцо. Елмас играше до 63 минута, а Наполи немаше сили да направи комплетен пресврт.

