Vinkmag ad

ФАЛАНГАТА ГО ОСТАВИ СРЦЕТО НА ТРИБИНИТЕ

Македонските ракометари одиграа храбро на дуелот против Португалија, без респект за противникот и сосема заслужено стигнаа до голем бод, против селекцијата која лани беше полуфиналист на Европското првенство.

Голем удел во големиот резултат за Македонија имаше и македонската фаланга. Неколкуте стотици македонски навивачи, беа стационирани позади еден од головите и во текот на сите 60 минути непрекинато навиваа и ја бодреа Македонија од трибините.

Рецептот за успех како и многупати досега, се потврди и денес. Кога ракометарите го оставаат срцето на теренот, а „Фалангата“ гласот на трибините, тогаш Македонија може да сонува големи резултати…А кога се сонува, соништата може и да се остварат.

Читај Претходна

„НЕКА СЕ СЕТИ ДАНСКА НА 2012 И НЕКА НИ ПОМОГНЕ“

Читај Следна

ЛАЗАРОВ: КУЗМАНОВСКИ ЗАСЛУЖУВА КЛУБ ОД СВЕТСКА КЛАСА