МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонската ракометна репрезентација одигра јуначко реми против Португалија (29-29). „Црвено-жолтите“ играа како во транс во последната четвртина од натпреварот, заслужија бод, можеби и победа…
Со денешниот бод против Португалија, Македонија ги задржа шансите за пласман во главната рунда, а за да се најдеме таму, ќе ни треба помош и од Данска. На таа тема се пошегува и селекторот Лазаров, кој ги потсети на ЕП 2012.
При обраќањето на Лазаров за МРТ, ги „пецна“ Данците и им порача: „Ете шанса Данците да ни помогнат. Нека се сетат на 2012 и нека ни помогнат“

