Vinkmag ad

ФИФА ВОВЕДУВА 3Д МОДЕЛИРАЊЕ НА ФУДБАЛЕРИТЕ ЗА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО 2026

ФИФА прави значаен исчекор во примената на технологијата пред Светското првенство 2026 година. Светската фудбалска федерација официјално потврди дека ќе изработи прецизни 3Д дигитални модели на сите 1.248 фудбалери кои ќе настапат на мундијалот, со цел дополнително усовршување на полуавтоматскиот офсајд-систем.

Преку деталното моделирање на секој играч, системите базирани на вештачка интелигенција ќе можат со поголема точност да ја детектираат положбата на телото, што ќе овозможи побрзо и пообјективно носење одлуки во чувствителните ситуации.

Од ФИФА сметаат дека ваквиот пристап ќе доведе до значително намалување на судиските контроверзии и ќе ја зголеми довербата во арбитражата на најголемото фудбалско натпреварување.

Претседателот Џани Инфантино нагласи дека оваа иновација е дел од поширокиот план за модернизација на фудбалот, најавувајќи континуирани инвестиции и воведување на најсовремени технолошки решенија во идните натпреварувања.

Читај Претходна

ЏЕНОВА ПРОМАШИ ПЕНАЛ ВО 99 МИНУТА ЗА ПОБЕДА ПРОТИВ МИЛАН

Читај Следна

ВАРДАР ПОСТАВИ ОТКУПНА КЛАУЗУЛА ЗА РОЏЕРС МАТО