Романецот Станчиу промаши пенал кој на Џенова ќе и донесе големи три бода на гостувањето кај Милано, во натпреварот на кој на крајот, гостите можат да бидат и задоволи со оглед на тоа што освоија бод (1-1) кај апсолутниот фаворит.
Коломбо во 28. минута на асистенција на Малиновски го замолкна „Сан Сиро“ и донесе гостинска предност. Милан долго време се мачеше да дојде до израмнување, и тоа му успеа на Леао во 92. минута од средбата.
По ова реми, Милан сега има 3 бода помалце од лидерот Интер, додека Џенова е на 16 позиција, со три бода повеќе од зоната за испаѓање.

