Vinkmag ad

ЃОКОВИЌ ПИШУВА РЕКОРДИ – ПОБЕДНИЧКИ СТАРТ НА АО

Фото: x.com/rolandgarros

Со оваа победа, Новак Ѓоковиќ испиша уште една историска страница во својата кариера – тоа беше неговата јубилејна 100. победа на Австралијан опен, турнир кој го има освоено рекордни десет пати и на кој традиционално игра на највисоко ниво.

Српскиот ас на стартот од првиот Гренд слем во сезоната беше целосно доминантен против Шпанецот Педро Мартинез, кого го совлада со убедливи 3-0 во сетови (6-3, 6-2, 6-2). Натпреварот, одигран на легендарната „Род Лејвер арена“, траеше нешто повеќе од два часа, период во кој Ѓоковиќ ја држеше контролата од првиот до последниот поен.

Како 71. тенисер на АТП-листата, Мартинез немаше вистински одговор на стабилната и прецизна игра на десеткратниот шампион во Мелбурн. Ѓоковиќ без многу ризик, со препознатлив ритам и сигурност, ги освојуваше клучните поени во сите три сета и рутински го приведе мечот кон крај.

 

Во второто коло ќе игра со Италијанецот Франческо Маестрели.

Читај Претходна

АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ: ЧЕСТИТКИ МОМЦИ, ЈА ИЗРАДУВАВТЕ ЦЕЛАТА НАЦИЈА

Читај Следна

ТРОЈЦА РАКОМЕТАРИ НА МАКЕДОНИЈА – МОРААТ ПОДОБРО