Големата победа на Лина Ѓорческа во првото квалификациско коло на Австралија опен беше проследена со вистинска македонска фешта на трибините, која имаше значајна улога во нејзиниот триумф над четвртата носителка Синја Краус (7-5, 6-0).
На теренот број 12 во Мелбурн, македонските знамиња гордо се вееја, а поддршката од трибините создаде чувство како Ѓорческа да настапува пред домашна публика. Во текот на целиот меч, од трибините одекнуваше моќното „Македонија, Македонија“, што беше дополнителен ветер во грб за нашата најдобра тенисерка.
Со ваква енергија и поддршка, Ѓорческа одигра исклучително сигурно, а доминацијата особено дојде до израз во вториот сет, кога целосно ја надигра противничката. Македонската тенисерка покажа зрелост, смиреност и контрола во клучните моменти, што резултираше со убедлива победа.
Во второто коло од квалификациите, Ѓорческа ќе се соочи со Словачката Зиданшек, која со 2-0 ја совлада Понше и моментално се наоѓа на 151. позиција на ВТА листата.
Видеото од скандирањето на македонските навивачи во чест на македонската најдобра енисерка може да го погледнете ТУКА.