Vinkmag ad

ГОЛЕМИОТ ТАЛЕНТ МАТЕЈ ГАШТАРОВ ЌЕ СОБИРА ИСКУСТВО ВО БОРАЦ ЧАЧАК

Еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Матеј Гаштаров, се наоѓа пред нов предизвик во кариерата, ќе игра за Борац Чачак.

Гаштаров играше одлична полусезона во младинскиот тим на Црвена Звезда каде неколку пати беше стрелец, а добрите игри во младинскиот погон му донесоа и повик во А тимот, каде успеа и да дебитира. Црвена Звезда во овој трансфер период повеќе свои млади таленти ќе ги испрати на позајмица во Првата Српска Лига, каде со редовна минутажа ќе можат уште повеќе да напрадуваат.

Матеј Гаштаров е роден во 2006 година и настапува за младинските селекции на Македонија, како играч за врска важи за играч со исклучителен осет за гол, доминантен скок играч и одличен техничар. Во српските медиуми повеќе пати се пишува за Гаштаров и очекувањата се тој повторно да се врати во Звезда како дел од првиот тим.

Читај Претходна

ВАРДАР И БОРОЗАН СЕ РАЗДЕЛИЈА

Читај Следна

КУЗМАНОВСКИ: ГРУПАТА Е ТЕШКА, НО ЌЕ ИГРАМЕ И КЕ СЕ БОРИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА