ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Македонската ракометна репрезентација ги одработува последните подговотовки во пресрет на премиерата на ЕП против Данска. Во моментов селекцијата тренира во Силкеборг, а капитенот Филип Кузмановски е свесен дека групата е исклучително тешка, а првиот противник Данска – фаворит за освојување на турнирот.
„Имаме мотивација бидејќи играме против Данска, која, според мене, е фаворит за европската круна. Играме во Хернинг, во полна сала со противнички навивачи и тоа ни дава дополнителна мотивација. Нашиот менталитет кога играме на гостински терен, пред многу навивачи, е да го покажеме нашиот квалитет. Ќе се бориме во сите 60 минути“, истакна Кузмановски.
Кузмановски јасно потенцира дека иако групата е тешка, борбата за Македонија е во прв план.
„Имаме тешка група, но играме за Македонија и се бориме за Македонија. Ние сме млада екипа и ќе покажеме нешто на овој турнир“, порача тој.

