Vinkmag ad

ЛАЗАРОВ: НЕМА ШТО ДА ЗАГУБИМЕ СО ДАНСКА, ЌЕ УЖИВАМЕ ВО НАТПРЕВАРОТ

Македонската ракометна репрезентација без притисок ќе пристапи кон првиот противник на ЕП, големиот фаворит – Данска. Атмосферата во репрезентацијата е одлична, а селекторот Кирил Лазаров потенцира дека Македонија треба да ужива во премиерниот меч на ЕП.

„Го играме првиот натпревар против најдобрата екипа во светот во последните 10 години, Данска и возбудени сме што ќе играме против нив. Тие се домаќини, тоа ќе биде многу тешко за нас, но немаме што да изгубиме на овој натпревар и ќе се обидеме да уживаме во мечот“, истакна Лазаров.

Лазаров говореше и за тоа дека како ретко каде, во Данска, ракометот е најпопуларен спорт во земјата, дури и пред фудбалот.

„Им зборував на моите млади играчи дека ќе биде ново искуство да се игра во земја која го сака ракометот, можеби тоа е најдобриот спорт. Во други земји фудбалот е најпопуларен спорт, но тука во Данска да, фудбалот е важен, но ракометот е на прво место. Тоа е големо искуство за сите“, вели некогашниот легендарен ракометар.

Предводникот на националниот тим е реален дека групата во која се наоѓа Македонија е исклучително тешка.

„Мораме да бидеме многу искрени. Секој има амбиции и секој сака да победува, но мора да знаеме дека имаме многу тешка група, играме против Данска во Хернинг. Мораме да уживаме. Мислам дека сме добро подготвени за овој турнир, многу сме возбудени и чекаме да започне првенството за да видиме каде сме во моментов со квалитет и добро искуство“, заврши Лазаров.

Читај Претходна

КУЗМАНОВСКИ: ГРУПАТА Е ТЕШКА, НО ЌЕ ИГРАМЕ И КЕ СЕ БОРИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Читај Следна

НАВИВАЧИТЕ НА АБЕРДИН СЕ СВРТИЈА ПРОТИВ МИОВСКИ: НИКОГАШ…(ФОТО)