Vinkmag ad

НАВИВАЧИТЕ НА АБЕРДИН СЕ СВРТИЈА ПРОТИВ МИОВСКИ: НИКОГАШ…(ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доживеа непријателско „добредојде“ од навивачите на Абердин, во своето прво враќање на стадионот „Питодри“ овојпат како фудбалер на Глазгов Ренџерс. Наместо аплаузи и почести, напаѓачот беше пречекан со жесток однос од трибините.

Миовски остави длабока трага во Абердин, каде во периодот од 2022 до 2024 година постигна 32 погодоци и важеше за еден од најомилените играчи кај навивачите. Сепак, трансферот во редовите на големиот ривал Ренџерс целосно ја смени сликата.

Пред почетокот на натпреварот од шкотската Премиерлига, домашните навивачи испратија јасна порака преку впечатлив транспарент на трибините. На него стоеше пораката:
„Никогаш не би се вратил на Питодри во дрес на Ренџерс – имам морал“.

Станува збор за позната изјава на легендата на Абердин, Еион Џес, кој во минатото одби можен трансфер во Ренџерс, а навивачите ја искористија токму таа реплика како директна алузија кон одлуката на Миовски.

                         

Читај Претходна

ЛАЗАРОВ: НЕМА ШТО ДА ЗАГУБИМЕ СО ДАНСКА, ЌЕ УЖИВАМЕ ВО НАТПРЕВАРОТ

Читај Следна

НИЗ ИСТОРИЈАТА: МАКЕДОНИЈА СО НЕГАТИВЕН БИЛАНС НА ВОВЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД ЕП