ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Ракометниот клуб Охрид јасно става до знаење дека има високи амбиции за иднината и продолжува со сериозни потези на трансфер-пазарот. Суперлигашот чекор по чекор креира ростер кој ќе биде конкурентен за највисок пласман и борба за трофеи во македонските натпреварувања.
Како дел од тој проект, од сезоната 2026/27, на голот на охриѓани ќе застане хрватскиот интернационалец Дино Славиќ. Искусниот чувар на мрежата постигна договор со клубот кој ќе важи до летото 2028 година, а тимот ќе продолжи да го предводи тренерот Борис Ројевиќ.
Славиќ, кој има 34 години, во моментов настапува за француски Лимож, каде што игра веќе трета сезона по ред. Во својата кариера има и настапи во Лигата на шампионите како дел од Загреб, а интернационалната афирмација ја започна во 2018 година со трансферот во шпански Адемар Леон. Претходно беше дел и од клубовите Замет и Умаг.
Хрватскиот голман е и дел од поширокиот состав на репрезентацијата на Хрватска и се очекува наскоро да добие шанса и на големите натпреварувања. Во последниот пријателски дуел одигран во Пореч, Славиќ имаше извонреден настап против македонската селекција и беше еден од најистакнатите поединци на теренот.

