МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 20:30 во Винтертур, Швајцарија ќе го одигра првиот од трите натпревари на традиционалниот „Жолт Куп“.
Прв ривал на „црвено-жолтите“ е Бахреин, утре избраниците на Кирил Лазаров ќе се соочат со Украина (17:45), додека турнирот ќе го завршат во сабота со дуел со домаќинот Швајцарија (18:30).
Овие три натпревари ќе бидат наменети за финално брусење на формата пред предизвиците на Европското првенство во Хернинг. Македонија на ЕП стартува со меч против домаќинот Данска на 16 јануари.

