Шкендија започна со засилувањата за новата сезона, а едно од првите имиња што пристигнува во Тетово е офанзивецот Фахид Нзенгуе.
Фудбалерот од Габон не е непознат за македонската публика, бидејќи есенскиот дел од сезоната го мина во ПМФЛ како член на Брера. Во дресот на струмичкиот клуб настапи на 16 натпревари и постигна осум голови, со што се истакна како еден од поефикасните напаѓачи и го привлече вниманието на повеќе екипи од домашното првенство и регионот.
По спогодбеното раскинување на договорот со Брера, Нзенгуе денеска и официјално стави потпис на договор со Шкендија и веднаш им се приклучи на новите соиграчи на стартот од подготовките.
Ова е второ засилување за тетовскиот клуб во тековниот преоден рок, откако претходно Шкендија го договори трансферот и на Дрилон Ислами, кој пристигна од романскиот Клуж.

