Хрватите по вистинска драма во финишот се радуваат на победа протис Исланд и бронзен медал (34:32)
Хрватската репрезентација доживеа низа пехови и проблеми во последните денови, останаа без Звонимир Срна, патуваа 8 саати со автобус, неколку играчи добија труење со храна но и покрај тоа денес ја победија селекцијата на Исланд за голема радост и Бронзен медал.
Коцкестите ги предводеше феноменалниот Тин Лучин кој имаше одлични 9/12 и беше прво име кај Хрватите. Начиновиќ го следеше со шест а Мартиновиќ имаше пет.
Кај Исланд перфрктен и најефикасен на натпреварот беше Омар Магнусон со 12/12
За Хрватска ова е седми медал на Европските првенства а четврта бронза

