МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари скок од 12 позиции на најновата ВТА ранг-листа.
Ѓорческа моментално се наоѓа на 193. место, напредок кој доаѓа како резултат на одличниот настап во квалификациите за Австралија опен, каде што успеа да мине две кола, како и пласманот во второто коло на Челинџер турнирот во Порто.
Најдобриот пласман во нејзината кариера изнесува 170. позиција, па со уште еден добар турнир, Лина ќе биде на чекор до надминување на својот највисок ранкинг досега.

