МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Балканското ракометно дерби во втората фаза на Европското првенство помеѓу Хрварска и Словенија им припадна на Хрварите. Коцкестите одиграа одличен натпревар и остварија голема победа во балканското дерби против Словенија (29:25).
Хрватите влегоа самоуверено, силно во натпреварот и уште по воведните десет минути во кои примија само еден гол од пенал стана јасно дека тие ќе го диктираат ритамот и резултатот.
Избраниците на Дагур Сигурдсон имаа предност речиси во текот на сите 60 минути со исклучок на периодот од 41-44 минута кога Словенците изедначија на 18:18, односно 19:19 .Но и од тој момент до крајот Хрватите беа подобри и на крајот се радуваа на победата
Најзаслужни за победата во нападот беа Лучин со седум и Мансиќ со шест, но клучна беше одбраната која одигра маестрален натпревар и му дозволи само 25 гола на противникот.
Кај Словенците најефикасни беа Макуц и Новак со шест погодоци.
Целосно разочараа главната ѕвезда Блаж Јанц со само два гола.
Со оваа победа Хрватска има шест бода во главната фаза и се на првата позиција до вечер и натпреварот на Шведска. Коцкестите се на чекор до полуфинале и во последното коло, утре против Унгарија им е доволен бод за потврда на пласманот во најдобрите четири и борбата за медали.

