(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Политичките случувања на глобално ниво би можеле индиректно да имаат влијание и врз спортската сцена, а во конкретниот случај и врз шансите на Македонија во баражот за Мундијалот, каде противник ни е Данска.
Одредени одлуки и ставови на актуелната администрација во САД, предводена од претседателот Доналд Трамп, отворија незадоволство кај дел од европските земји, што резултира со сериозни размислувања за евентуален бојкот на Мундијалот кој ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Реномираниот италијански спортски весник „Газета дело Спорт“ објавува дека бројот на репрезентации кои ја разгледуваат таа опција е во пораст, а причините се поврзани со нарушените политички односи со Вашингтон.
За Македонија, клучен момент во целата приказна е фактот што меѓу земјите кои го иницираат протестот се споменува и Данска – репрезентација со која нашата селекција треба да се соочи во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство.
Како една од главните причини за незадоволството се наведува ставот на Доналд Трамп околу Гренланд, територија која е под данска надлежност, што дополнително ги заостри односите меѓу двете земји.
Доколку Данска навистина донесе одлука да се повлече од натпреварувањето, тоа би значело автоматски пласман на Македонија во финалето од баражот, каде што би се соочила со победникот од дуелот меѓу Република Ирска и Чешка.

