МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Вистински пех доживеа италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети кој мораше да го предаде мечот против Новак Ѓоковиќ во Четвртфиналето на Австралија Опен и тоа при предност од 2:0 во сетови.
Мусети, петтиот носител на Мелбурн Парк, имаше буквално се во свои раце. Доминираше на теренот во првите два сета, имаше повеќе винери, помалку грешеше и имаше одличен ритам на свој сервис што резултираше со два добиени сета, 6-4, 6-3.
Кога делуваше дека Мусети конечно по три години втор пат во својата кариера ќе го победи Ѓоковиќ, следуваше пех и повреда. Италијанецот при резултар 1:2 за Новак во третиот сет, повика физиотерапевтот да му помогне со повредата на горниот дел од десната нога.
Се врати на теренот по краткиот третман и продолжи да игра уште еден гем, само за да оди до мрежата и да се ракува со Ѓоковиќ неколку моменти подоцна, кога губеше со 1-3 во третиот сет.
Ѓоковиќ по крајот на натпреварот му аплаудираше на Италијанецот и во своето интервју посочи дека Мусети заслужи победа.
,,Бев на пат кон дома, Мусети беше подобар. Не знам што да кажам, му посакувам побрзо закрепнување и се надевам дека ќе се врати посилен”
Ѓоковиќ е првиот полуфиналист и го чека пособриор од мечот: Синер – Шелтон

