МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонскиот кошаркарски интернационалец и член на италијански Тренто идигра маестрален натпревар во Еврокупот и запиша дабл-дабл во големата победа на неговиот тим над Бешикташ. (87:74)
Во рамките на 16. коло Тренто со домашна победа над турскиот тим го осигура своето место во плеј оф зоната и сега останува отворено прашањето дали ќе успеат да влезат во првите две позиции и директен пласман во четвртфиналето или ќе патуваат во осминафинале.
Одличен во победата беше Андреј Јакимовски кој 26 минути беше најдобар поединец на теренот и запиша 15 поени, 10 скокаи една асистенција. Јакимовски игра одлична сезона во Еврокупот и на 16 натпревар има просек од 12 поени, 6 скока и 1 асистенција.

