ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Елиф Елмас во Антонио Конте пронајде тренер кој конечно верува во неговите квалитети и му даде континуитет. Синоќа Елмас му врати со атрактивен погодок вреден три бода. По натпреварот Конте го нарече Елиф, Свети Елмас.
„За денешната партија „Свети Елмас“ заслужува споменик. Ељиф многу го разбира фудбалот, го има насекаде на теренот, може да игра повеќе позиции, игра како дефанзивен играч од средниот ред и како напаѓач. Тој е неверојатен фудбалер.
Стартуваше на осумнаесет натпревари во низа, имаме среќа што е со нас“, рече Конте за Елмас.

