ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Ненад Димитријевиќ одново беше двоцифрен во голема победа на Баерн на жешкото гостување во Белград против Црвена Звезда. Нено за 26 минути на теренот постигна 11 поени, запиша по четири скока и асистенции.
Од доаѓањето во Баерн, Димитријевиќ полека се наметнуваше кај Пешиќ и сега редовно игра над 20 минути.
Искусниот стратег Пешиќ имаше пофални зборови за Димитријевиќ.
„Тој е исклучително талентирано момче. Најважните години во кариерата ги мина во Бадалона, и секогаш го покажуваше талентот. Нему му треба добри тренинзи, во екипите каде што јас сум тренер м се тренира. Видовте како играше одбрана против најдобриот напаѓач во Европа. Тој е исклучителен играч, среќни сме, но најважно е што и тој е среќен“, изјави Пешиќ.

