Македонската ракометна репрезентација денеска го одигра последниот подготвителен натпревар, во пресрет на Европското првенство. Славевме победа против данскиот прволигаш Митјиланд (35-27), а по натпреварот своите импресии ги сподели Ненад Костески кој го најави учеството на Македонија на ЕП.
„Ова беше нашиот последен контролен натпревар, и мислам дека успеавме добро да се подготвиме за предизвиците кои не очекуваат во групната фаза. И покрај тоа што имавме повеќе контролни натпревари, тренинзите поминаа продуктивно. Денешниот меч го одигравме солидно до самиот крај и успеавме да направиме добра разлика, што ми дава увереност дека ќе влеземе во групната фаза максимално подготвени.
Групата е навистина силна – тука се Данска, Португалија која заврши на четвртото место на последното Светско првенство, како и Романија која постојано напредува. Сепак, верувам дека ќе се справиме со сите натпревари и ќе дадеме сè од себе за да ја израдуваме Македонија, а зошто да не, и да се пласираме во следната фаза“, изјави Костески.
Македонија првиот меч на ЕП, го игра во петок против Данска

