Vinkmag ad

ЛАЗАРОВ ГО НАПРАВИ ПОСЛЕДНИОТ РЕЗ – МАКЕДОНИЈА СО 19 ИГРАЧИ НА ЕП

Фото: РФМ

Селекторот Кирил Лазаров го направи последниот рез пред заминувањето на македонската ракометна репрезентација на меѓународниот пријателски турнир во Швајцарија. Од конкуренција за настап отпадна ракометарот на Алкалоид – Михаил Ивановски.

Селекцијата на Македонија ќе брои 19 ракометари на првенството во Данска, а според пропозициите, 16 ќе бидат пријавени за премиерата со домаќинот на 16 јануари.

Конечен список на Македонија за ЕП:

Иван Галевски
Петар Атанасијевиќ
Никола Костески
Филип Кузмановски
Игор Ѓорѓиев
Жарко Пешевски
Михаил Аларов
Мартин Велковски
Самоил Ристевски
Никола Митревски
Мартин Томовски
Иван Џонов
Ненад Костески
Марко Митев
Павле Атанасијевиќ
Марко Стојковиќ
Никола Марковски
Мартин Серафимов
Дамјан Митев

Репрезентацијата во раните утрински часови отпатува за Швајцарија, каде што ќе учествува на турнирот со огромна традиција – „Жолтиот куп“. Нè очекуваат средби против Швајцарија, Бахреин и Украина.

Читај Претходна

ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ ПОТПИША НОВ ДОГОВОР СО ВАРДАР

Читај Следна

САБАЛЕНКА ПРОДОЛЖУВА СО ДОМИНАЦИЈА И ВО 2026 – ПОБЕДА ЗА 46 МИНУТИ