МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонската ракометна репрезентација во баражот за Светското првенство кое ќе се одржи во Германија идната година ќе игра против подобриот од дуелот Украина – Словачка. „Црвено-жолтите“ може да бидат задоволни од исходот на ждрепката, а своето мислење го изнесе и селекторот Кирил Лазаров.
„Треба да бидеме задоволни од ждрепката. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на успеси.Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај“, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија.

