(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Според официјалната процедура, ждрепката за баражот треба да се спроведе на следниов начин: најпрво се извлекува една селекција од садот на носители, потоа една селекција од садот на неносители. Двете извлечени топчиња се ставаат во посебен барабан, а селекцијата чие топче прва ќе биде извлечено од тој барабан е домаќин на првиот натпревар.
Во случајот со Македонија, оваа процедура не беше испочитувана.
Македонија беше директно извлечена од садот на носители, без нашето топче да биде ставено во заеднички барабан со победникот од двобојот Украина – Словачка, што е спротивно на утврдените правила.
По реакциите за направениот пропуст, ЕХФ ја коригираше грешката и спроведе нова ждрепка за нашиот пар. Повторно беа извлечени топчињата, а среќата и овојпат беше на наша страна – Македонија ќе го игра реваншот на домашен терен.

