МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонскиот тим кој патува на Зимските Олимписки Игри во Милано и Кортина, доживеа принудна промена и тоа поради ДОПИНГ.
Имено врз основа на првичните резултати и заради понатамошни испитувања и утврдување на состојбата во Италија поради позитивен допинг тест нема да патува Мирко Лазарески а на негово место ќе оди Виктор Петков.
Од МОК доставија официјалното образложение за промената во последен момент:
„Врз основа на официјалниот извештај (Test Report) пристигнат од акредитираната лабораторија во Seibersdorf, Австрија, во еден од двата примероци утврдено е присуство на забранети средства кај спортистот во алпско скијање. Како резултат на строго и прецизно пропишаната процедура на WADA, до конечна потврда на наодот, процедурите предвидуваат времена суспензија на спортистот и се активира механизмот на замена од претходно утврдената листа на потенцијални кандидати („long list“). Согласно овој официјален систем на рангирање, следен спортист со исполнета олимписка квота е Виктор Петков, кој по процедурален пат станува дел од официјалната делегација“

