(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Една од најтелентираните играчки во Македонија, Меланија Грозданова со своите одлични настапи на клупско ниво а особено во репрезентативниот дрес пред го привлече вниманието на многу фудбалски скаути и клубови од Европа, а најконкретен во тој интерес беше италијанскиот гигант Јувентус.
Меланија овие денови на покана на клубот од Торино, замина во Италија каде неколку денови тренираше со тимот на Јувентус. Од клубот се исклучително задоволни од тоа што го видоа и начинот на кој Меланија одговори на предизвикот.
Грозданова се враќа во Македонија но според договорот со Јувентус таа уште неколку пати ќе биде дел од кампот на Јувентус, со надеж дека кога ќе наполни 18 години ќе потпише професионален договор.

