МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Еден од најдобрите играчи на сите времиња, Шпанецот Рафаел Надал беше најголемиот конкурент на Ѓоковиќ и секој љубител на тенисот се сеќава на нивните неверојатни пресметки. Надал пред една година се повлече од тенисот а на крајот на своајта кариера во неколку наврати играше во двојќи со Карлос Алкараз, противникот на Ѓоковиќ во финалето.
На новинарско прашање за кој ќе навива во финалето, Надал даде интересен одговор:
„На некој начин со Новак имаме неверојатна историја, во сите тие години ги водевме некои од најголемите битки и затоа му посакувам се најдобро. Но Карлос е од мојата земја имам одличен однос со него, игравме заедно на Олимписките игри, во тимот на Шпанија. Ако Новак победи, ќе бидам среќен за него, бидејќи во некоја смисла, тоа што го прави во оваа фаза од кариерата е доста спектакуларно. Затоа ќе бидам среќен, нема да биде драма за мене (се смее). Но, ако треба да поддржам некого, чувствувам дека морам да го поддржам Карлос“, рече тој.

