Vinkmag ad

МАКЕДОНСКАТА ЖЕНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА УБЕДЛИВА ПРОТИВ АНДОРА

Женската фудбалска репрезентација на Македонија забележа убедлива победа од 3:0 против Андора, на денешниот натпревар одигран во рамки на квалификациите за Светското Првенство.

Нашите фудбалерки уште од самиот почеток наметнаа темпо и ја презедоа контролата врз играта, што резултираше со водство во 17 минута. Теона Галабовска го отвори резултатот, а асистенцијата ја запиша Александра Марковска.

Само три минути подоцна Македонија го удвои водството. Овој пат стрелец беше Симона Меијер, по додавање токму од Галабовска, со што нашата селекција уште во првото полувреме направи значителна предност.

Во вториот дел избраничките на селекторот Андов продолжија со сигурна игра и не дозволија изненадување. Конечните 3:0 беа поставени во 83 минута, кога Меланија Грозданова ја затресе мрежата на гостинките.

Ова е прва победа во квалификациите за нашата репрезентација

Читај Претходна

ЕВА МИЛЕВСКА ПРВА МАКЕДОНКА ДЕЛ ОД СВЕТСКОТО ЈУНИОРСКО СКИЈАЧКО ПРВЕНСТВО

Читај Следна

ТОПКА СО ОЧИ НА ТРАЈКОВСКИ ЗА БОД НА ЛОКОМОТИВА – МЛАДЕНОВСКИ ОСТАНА НА КЛУПА КАЈ ВАРАЖДИН