МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ЕВРОПСКИОТ КУП ГИ ДОБИЈА ПРОТИВНИЦИТЕ
ГРК Охрид одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп ја започнува со двомеч против Спор Тото СК од Турција.
Повратникот во ЕХФ Европскиот куп и освојувачот од 2024, Алкалоид ќе игра двомеч против екипата на Ферлах од Австрија
Третиот Македонски тим во ова натпреварување, Бутел Скопје ќе се сретне со ХРК Горица од Хрватска.
Првите натпревари од оваа фаза ќе се играат на 17/18 октомври, додека вторите натпревари се играат на 24/25 октомври.
Оваа година учествуваат 64 екипи од 32 земји.

