МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
На 20 дена до бараж натпреварот против Данска, Македонија полека почнува да пулсира со фудбалерите. Уште од самото извлекување јасно е дека и во нашиот табор и во Данскиот сите очи се насочени кон овој натпревар. Се анализира секој детал, секое движење и прилично е јасно дека место за изненадување ќе нема. Затоа од голема важност е формата на нашите играчи и натпреварувачкиот ритам со кој ќе дојдат од тимовите. Како никогаш до сега нашите играчи се стандардни во нивните тимови, и на собирот ќе дојдат во натпреварувачки ритам.
Столе Димитриевски ги надмина проблемите во Валенсија и сега е сигурен меѓу стативите и редовно брани во шпанска Примера.
Столбот на одбраната од последниот квалификациски циклус, Ѓоко Зајков е незаменлив со Ајман во првенствтото на Обединетите Арапски Емирати.
Дарко Велковски се врати во Вардар и полека се враќа во ритам.
Стефан Деспотовски и Илиевски на десната бековска позиција редовно играат во ОФК Белград и Струга ТЉ.
Алиоски се врати од повредата и повторно ваќа натпреварувачки ритам во Лугано. Оваа сезона има 13 натпревари
Андреј Стојчевски е првотимец во Словачко и речи 4 месеци нема пропуштено натпревар
Во дефанзивата останува нејасен статусот на Висар Муслиу кој се уште има повреда.
Без тим ќе биде Стефан Ашковски за кој пишувавме што се преживеа во Иран. Но Стефан има натпревари и од Раднички и од Иран и физички е спремен
Од дефанзивата единствен без задоволителна минутажа е Јован Манев во српскиот Нови Пазар.
Редовен во турскиот шампионат е Дарко Чурлинов, кој игра во се подобра форма, а запиша и неколку асистенции во изминатиот период.
Во Турскиот шампионат одлична минутажа има и капитенот на Македонска репрезентација Енис Барди. Кој ба 23 натпревари има и четири погодоци.
Главната ѕвезда на нашиот тим, Елиф Елмас како никогаш во кариерата е стандарден и незаменлив во Наполи.
Тихомир Костадинов направи трансфер во Словачко и го продолжи натпреварувачкиот ритам од Сигма.
Во грчкиот шампионат, во тимот на АЕЛ Лариса одлична минутажа има Јани Атанасов и 20 настапи.
По враќањето од повредата во тимот на Сараево незаменлив е и Агон Елези кој во неколку наврати беше и стрелец и асистент
Најсилни ќе биде во нападот каде сите играчи имаат минутажа и голгетерски добра година.
Најдобра форма уведливо има Елмин Растодер кој доминира во Швајцарија. Има 8 погодоци на последните во 2026 и е прв стрелец на Тун во походот кон титула.
Миовски го изгуби првотимскиот статус во Ренџерс но повторно добива минутажа а постигна и 10 погодоци од почетокот на сезоната во сите натпреварувања.
Александар Трајковски пронајде тим и сега е редовен во тимот на Локомотива од Загреб а постигна и победнички погодок и запиша и асистенција.
Лирим Ќамили повторно е стандарден во Данска и прилично ефикасен со шест погодоци како крилен играч
Димитар Митровски се пронајде во Олимпија Љублјана и почна да ги прикажува игрите од Хрватска. Запиша 5 асистенции во 2026
Во натпреварувачка форма со настапи и неколку погодоци се и Давид Тошевски во Белгија и Милан Ристовски во Чешка
Да се надеваме дека сите ќе останат здрави и во најдобра форма во борбата за историски пласман на СП

